Глобал Комуникации ДООЕЛ е динамична компанија формирана како друштво со ограничена одговорност во 2006 година.
Нашата филозофија е втемелена во спроведувањето на следните принципи:
- Настојуваме да бидеме доверлив партнер на нашите клиенти при нивното работење
- Перманентно ја градиме нашата експертиза и знаење за најдобро да одговориме на специфичните потреби и барања на нашите клиенти
- Градиме силна мрежа на надворешни консултанти – локални и меѓународни – со широки и единствени вештини
Основа на нашите услуги е долгогодишното и разновидно советничко искуство на нашите партнери, вработени и соработници. Нивното одлично познавање на правните, деловните и економските состојби во опкружувањето му овозможуваат на нашето друштво да им обезбеди специјално дизајнирани и ексклузивни услуги на своите клиенти.
Вработени
Нашите вработени се битен дел од нашиот успех. Убедени сме дека примената на строгите техники на проценување и селекција во изборот при вработувањето обезбеди нашите вработени да бидат најдобрите, чии природни таленти и енергија им овозможуваат да создадат диференцирана предност во деловната заедница.
